Уште од детството не уверувале дека Монт Еверест е највисоката планина во светот, дека не смееме да претеруваме со слатките затоа што ќе бидеме хиперактивни и дека би требало да носиме капа кога е студено.
Но, научниците одлучиле да ги разоткријат највообичаените претпоставки и да состават листа на современи заблуди.
Ако нешто го слушнеме доволно пати, често ќе го повторуваме тоа и самите ќе започнеме да си веруваме.
Кафе
Поголемиот дел од луѓето мислат дека кафето се прави од зрна, но научниците тврдат дека се состои од семенки кои ги нарекуваме зрна.
Камелеони
Обично сите мислат дека камелеоните ја менуваат бојата за да се прилагодат на околината, но всушност тоа го прават во зависност од своето расположение, температурите и изложеноста на сончевата светлина.
Монт Еверест
Многу често го нарекуваат највисоката планина во светот. Но, иако врвот на оваа планина е повисоко од било кој друг врв кој се наоѓа над нивото на морето, Мауна Кеа е највисока, доколку висината на планината се мери од подножјето до врвот.
Кинески ѕид
Распространето е мислењето дека Кинескиот ѕид се гледа од вселената. Но, астронаутите од Аполо тврдат дека не се гледа од Месечината.
Години на кучињата
Една човекова година наводно е еквивалент на седум кучешки. Но, тоа не се однесува на сите видови кучиња, туку зависи од педигрето и величината на самото куче.
Губење на топлината
Често се вели дека најбргу ја губиме топлината преку главата. Научниците тврдат дека ова е само мит и напомнуваат дека на луѓето би им било еднакво ладно кога на температура под нулата излезат без капа и кога би излегле без панталони.
Земја
Сите на училиште сме учеле дека Земјата кружи околу Сонцето. Технички, она што се случува е дека Земјата, Сонцето ид ругите планети кружат по патека околу центарот на Сончевиот систем.
Сетило за вкус
Мислите дека различните делови на јазикот детектираат различни вкусови? Погрешно! Ова е научно докажано. Целото сетило за вкус доаѓа од сите делови на јазикот, иако различните делови се чувствителни на одредени вкусови.
Деца и слатки
Родителите чество тврдат дека децата се полни со енергија по конзумирање на слати. Но, тоа не е вистина, затоа што поголем број на истражувања потврдиле дека шеќерот на никој начин не предизвикува хиперактивност.
Човекови сетила
Поголемиот дел од луѓето се претпоставува дека имаат пет сетила. Но, постојат барем уште девер, додека поголемиот дел од научнците сметаат дека ги има дванаесет.
Колачи на судбината
Обично се смета дека станува збор за традиционален кинески изум, но го измислиле Американците.
Суши
За време на конзумирање на овој традиционален јапонски специјалитет, поголемиот дел од луѓето мислат дека јадат нешто што во превод значи „сирова риба“, но сушите всушност значат „проба на киселото“.
Забрането овошје
Сите сметаат дека забранетото овошје кое се споменува во Библијата е јаболкото. Но, никаде во оваа света книга не се споменува јаболкото, туку плод од дрвото на сознанието.
Витамин Ц
Вкоренето е мислењето дека витаминот Ц е делотворен во борба против прелада. Но, поголемиот дел од научницит еистакнуваат дека има малку или никакви докази дека Ц витаминот на било кој начин го забрзува или убажува лекувањето на преладата.
Кофеин
Зачестено е верувањето дека кофеинот предизвикува дехидратација. Иако пијалоците кои содржат кофеин имаат благо диуретско дејство, тие не го зголемуваат ризикот од дехидратација.
Пингвини
Ронатичарите ќе се разочараат во ова, но пингвинските парови не остануваат верни целиот живот. Тие обично се моногамни, но некои видови како Царските пингвини се сериски моногами. Поточно, имаат еден партнер во текот на една сезона на парњето, а веќе следната година веројатно ќе си пронајдат друг.
Темната страна на Месечината
Постои ли темната страна на Месечината? Наводно не, затоа што Месечината константно се врти околу својата оска. Но и не постои некое подрачје на планетоди кое би можело да биде во констатен мрак.