Ова се најдобрите земји за дигитални номади

Сподели со своите пријатели

Најдобра земја за работа за дигитални номади е Шпанија, покажува новата студија на Global Citizen Solutions, која анализирала податоци од 65 земји во светот.

Loading...

Главните фактори во корист на Шпанија се новиот закон за стартап компании што треба да го зајакне претприемништвото во земјата, нула оданочување на приходите од странство, финансиската пристапност, достапноста на брз интернет и средина која е идеална за технологија и иновации, пишува Блумберг.

На второ и трето место се Холандија и Норвешка, кои се речиси еднакви по број и имаат слични карактеристики – висок животен стандард и добар здравствен систем, но и високи трошоци за живот.

Четвртото и петтото место, малку неочекувано, ги зазедоа Естонија и Романија, кои нудат живот по прифатлива цена со богата културна сцена и природна убавина.

Во првите десет најатрактивни земји за дигиталните номади се Малта, Португалија, Канада, Унгарија и Франција.

Шпанија и Холандија им нудат на имателите на дигитални номадски визи пат до постојан престој кој на крајот може да се претвори во државјанство, додека Естонија и Романија инвестираа многу во технологијата, вклучувајќи ја и најсовремената брза интернет инфраструктура.

Кинескиот регион Тајван се најде на 12-тото место поради едноставноста на неговиот дигитален номадски визен систем, кој овозможува престој до три години по одобрувањето, но бара работа во еден од осумте специфични сектори, вклучувајќи технологија, образование, финансии и право.

Најзначајниот аспект на извештајот е доминацијата на европските земји, како и фактот дека дигиталните номади имаат се повеќе можности, изјави извршната директорка на Global Citizen Solutions, Патриша Касабури.

Loading...