Ова е листата на најдобрите пет филмови за изминатиот месец. Доколку не знаете кој филм да го погледнете можеби нешто интересно ќе најдете и на оваа листа.
Terminator: Genisys
Долгогодишните фанови можеби веќе почнаа да бараат некое продолжение на филмот Терминатор, посебно по реализацијата на Џејмс Камерон од 1991 година на филмот Терминатор 2: Судниот ден. Но, враќањето на Арнолд Шварценегер на филмската сцена и освежувањето на филмската екипа на чело со Алан Тејлор го претворија овој филм во успешно сценско дело.
Реализацијата на овој филм беше на 1 јули и досега има заработено 306 милиони американски долари, а буџетот на филмот изнесува 155 милиони.
Magic Mike XXL
Во 2012 првиот дел од филмот Magic Mike изелзе како едно од најголемите филмски изненадувања со заработка од 167 милиони долари ширум светот, а буџетот на филмот изнесуваше само 7 милиони.
Ченинг Татум, главниот актер во филмот и неговата компанија оваа година се вратија со Magic Mike XXL. Во новиот филм имате можност да ги погледнете Мајк (Татум), Кен (Мет Бумер), Ричи (Џо Манганиело) кои исто како и во првиот филм и во продолжението со своите згодни градби ќе ја привлечат главно женската публика.
Второто продолжение излезе на 25 јуни со буџет од 14 милиони долари, а за првиот месец од прикажувањето филмот заработи 100 милиони американски долари со што ги потврди сите очекувања на продукцијата.
Minions
Уште кога излезе филмот Despicable Me претставувајќи ги немирните жолти суштества познати како minions, тие добија голема популарност и беа исплатлива инвестиција.
Приказната започнува на Антартикот, преку Њујорк во 1960-тите, па се до Лондон, каде малите жолти палавковци се соочуваат со нивниот најголем предизвик досега и настојуваат да ја спасат целата минион раса.
Филмот својата премиера ја доживеа на 11 јуни, а до сега има заработка од неверојатни 774 милиони долари, додека буџетот на филмот е 74 милиони.
Ant-Man
Додека The Avangers беше првата фаза од филмот на Марвел Синематикс Јуниверс во 2012 година, втората фаза на студискиот супер херој ќе биде сосема различна приказна. Ant-Man можеби нема да биде во состојба да го достигне Avengers: Age of Ultron, но филмот во кој главната улога ја има Пол Руд кој го игра ликот на Скот Лен ќе биде летното загревање на продукцијата.
Филмот беше премиерно прикажан на 29 јуни во Холивуд и има буџет од неверојатни 130 милиони долари, а заработка од скоро 240 милиони.
Trainwreck
Џуд Апатоу веројатно одгира значајна уѕлога во воскреснувањето на комедиите како што се The 40 Year Old Virgin и Knocked Up. Но, последните филмови ан режисерот, Funny People и This Is 40 поминаа доста лошо на бокс офисото и филмската критика.
Со Trainwreck, тимот на Апатоу заедно со актерката Ејми Шумер на која оваа и е прва филмска улога, во филмот работат приказна за млада жена која има фобии од обврски соочена со перспектива на вистинска љубовна врска кога ќе го знапознае шармантниот спортски доктор Бил Хедер.
Премиерата на филмот беше на 13 март годинава, со буџет од 35 милиони долари, и досегашна заработка од 70 милиони.