Државната изборна комисија денеска го утврди редоследот на кандидатите за претседател на Македонија на гласачкото ливче по пат на ждрепка.
Така, кумановскиот градоначалник и кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски го доби бројот 7.
Прв е кандидатот на СДСМ, Стево пендаровски. Под број 2 е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, трет на гласачкото ливче ќе биде актуелниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Бројот четири му се падна на кандидатот на ДУИ, актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи.
Под број 5 ќе биде кандидатката на Левица, Билјана Ванковска-Цветковска, шести кандидатот опозициските партии на Албанците, коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари.
- Стево Пендаровски (СДСМ)
- Гордана Силјановска-Давкова (ВМРО-ДПМНЕ)
- Стевчо Јакимовски (ГРОМ)
- Бујар Османи (ДУИ)
- Билјана Ванковска-Цветковска (Левица)
- Арбен Таравари (коалиција Вреди)
- Максим Димитриевски (Движење ЗНАМ).