Ова е најсилниот електричен автомобил и почетната цена е 2 милиони евра (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со повеќе од 2.000 КС, овој модел ја носи титулата најсилен италијански автомобил.

Loading...

Новиот супер спортски автомобил беше претставен во музејот за автомобили во Торино. Ќе го произведува компанијата Automobili Estrema, а се вика Фулминеа.

 

 

Има четири електрични мотори со вкупна моќност од дури 2.040 КС, додека батеријата од која се напојуваат е деловна тајна засега.

Се споменува технологијата „солид стејт“, па благодарение на поголемата густина на зачуваната енергија, батеријата би понудила автономија од 520 км.

 

Loading...

 

Производителот потврди дека, благодарение на партнерот ABEE (Avesta Battery Energy Engineering), ќе може да ја понуди оваа технологија на батерии меѓу првите во автомобилската индустрија, а ќе ја произведува IMECAR Elektronik.

 

 

Батериите тежат вкупно 300 кг и се сместени во куќиште од јаглеродни влакна со капацитет од 100 kWh.

Од 10 на 80% од капацитетот ќе се полни за 15 минути.

Loading...

 

 

Во однос на перформансите, Fulmine достигнува 100 km/h за 2 секунди и постигнува максимална брзина од 320 km/h за помалку од 10 секунди!

Ќе бидат направени точно 61 примерок, а почетната цена е 2 милиони евра.

 

 

Loading...

Првите испораки ќе започнат во втората половина на 2023 година.

 

Leave a Reply