Ова е фотографија од Запорожје по бруталниот руски ракетен напад

Сподели со своите пријатели

Утрово руски сили истрелаа седум проектили врз украинскиот град Запорожје.

Loading...

Проектилите, изјави гувернерот на Запорожје, Олександр Старук, погодиле станбени згради.

Во нападот загинаа две жени, а најмалку пет лица сѐ уште се под урнатините. Нападот се случил во раните утрински часови, пред зори.

„Многу луѓе беа спасени, вклучително и тригодишно девојче, кое е хоспитализирано. Спасувачката операција сѐ уште е во тек“, објави Старук на својот канал Телеграм.

Градоначалникот на Запорожје, Анатолиј Куртев, во посебна објава на Телеграм напиша дека осум лица се хоспитализирани.

Запорожје, да потсетиме, е главен град на истоимениот регион, за кој Русија тврди дека го припоила.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.