Машината М4 е една од најсофистицираните модели направени за потребите на нацистичката подморница, откако Германците се исплашиле дека нивните шифри се декодирани.
Ретката и оперативна „Енигма“, машина за шифрирање на радио-телеграфски поради продадена е на аукција во Љујорк и постави нов рекорд на аукцијата 365 илјади долари.
Машината М4, која е направена измеѓу 1943 и 1945 година е една од 150-те кои преживеале од проценетите 1,500 кога нацистичка Германија се борела со сојузниците.
Портпаролот на аукциската куќа вели дека цената од 365.000 долари го поставила рекордор за машините „Енигма“ кои некогаш биле на аукција. М4 има четири ротатори и не можел секој ад дојде до оваа машина затоа што била користена во подморници.
„Енигма“ е конструрирана од Германецот Артус Шербиус во 1923 година. Подоцна понатаму се усовршувала и на пазарот се продавала како комерцијален систем за шифрирање, првенствено за цивилни намени. Првите примероци се појавиле во 20-те години од 20 век како машрина за шифрирање на телеграфски преносени бизнис пораки.
Малку подоцна „Енигма“ наоѓа примена и во германската војска и дипломатија, а со почетокот на Втората светска војна „Енигма“ станала стандардна опрема на сите воени единици во светот.
Неговата доработка во текот на Втората светска војна ја нарачал германскиот адмирал Карл Дониц, поради загриженоста дека три ротатори на машината „Енигма“ ги компромитирале податоците откако нивната подморница била заробена во 1941 година.
Од 50 машини „Енигма“ кои можат да се видат во музеите ширум светот, само седум се од моделите М4 кои се земени од заробени подморници.