Ова е човекот со најдолгите стопала во светот (видео)

Сподели со своите пријатели

Хеисон Орландо Родригес Хернандес е од Венецуела и тој ги има најдолгите стопала на светот. Неговото лево стопало е долго 39,6 сантиметри, а десното е нешто подолго – 40, а носи обувки со број 59.

Loading...

Овој 20-годишник се запиша во Гинисовата книга на рекорди благодарејќи на „гуливеровските“ стопала со кои располага. Тој е висок 202 сантиметри, но обувките ги бара по специјална изработка од Германија, затоа што никаде не може да пронајде број 59.

Тој сфатил дека неговите стопала не се како на останатите врсници и тоа кога имал само 10 години. Тогаш таа една година, бројот на неговите обувки се искачил од 38 на 46.