Отворена изложбата „Заборавени” на Марјан Јаневски Шалајко (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во салонот на Уметничка галерија при НУ Музеј – Куманово, вчеравечер беше отворена изложбена поставка на фотографии, од авторот Марјан Јаневски.

Loading...

 

 

Посетителите имаа можност да разгледаат 30 фотографии, на кои се прикажани стари и напуштени објекти низ улиците на Куманово, препуштени на „забот на времето”, сведоштва за едно минато време, од кои природата создала уметнички дела.

 

 

Loading...

– Ние во градот имаме повеќе такви руинирани објекти, секојдневно проаѓајќи покрај нив забележав дека благодарение на тоа што останале заборавени самата природа успеала да направиуметност која заслужува да биде забележана на фотографии. Јас овие фотографии ги работев во поинаква техника, во типот на графика, со тоа што ги нагласив интересните детали и се застапени повеќе детали, изјави Јаневски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку луѓе гласаа во првите два часа во Липково?

 

 

„Заборавени” е петта самостојна изложба на Јаневски, кој е долгогодишен член на Фото кино клуб „Козјак”, a со уметничка и документарна фотографија се занимава повеќе од четири децении.

Неговата прва самостојна изложба датира од 1987 година.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...