Откриена суперматерија која е полесна од влакно, а посилна од челик

Сподели со своите пријатели

Кинеските научници од Институтот за керамика при кинеската академија на науките во Шангај објавија дека новооткриената супер материја настанала при конверзација на графенски цефки во стабилната челична структура како дијамант.

Loading...

Научниците сметаат дека новооткриената материја може без свиткување да издржи 40 илјади пати поголем терет од својата тежина. Она што исто така е специфично за оваа материја е дека може на намали дури 5% од својата големина и повторно да се врати во првобитната состојба.

Со оглед на тоа дека е отпорна и на топлина, се претпоставува дека во иднина ќе се користи како заштита за оклони возила. Ова истражување е објавено во магазинот Advanced Material.

Графен е инаку дводимензионална јаглеродна структура со дебелина на еден атом. Двајца научници, Геим и Новоселов во 2004 година го издвоиле од графитот. За издвојување се користи селотејп и така прв пат се добиле минијатурните флекции од овој материјал.

За ова откритие Гејм и Новоселов во 2010 добија Нобелова награда од областа на физиката.

Графит со дебелина на еден милиметар содржи три милиони слоеви графен наслаги еден врз друг, но меѓусебно лабаво поврзани.

Графенот е скоро во потполност проѕирен, но истовремено и толку густ да ни најмалиот атом на гас не може да пројде низ него. Покрај тоа, електрицитетот го спроведува исто како и бакарот. Како материјал, графенот има доста специфични својства.

Тоа е голем кристал, кој е сто пати посилен од челик, а може да се растегне и до 20%.

Loading...