Откажани сите летови во Шангај поради тајфун

Сподели со своите пријатели

Сите комерцијални летови се откажани на двата големи аеродроми во Шангај, во источна Кина, поради пристигнувањето на тајфунот Муифа, соопшти управата на тие два аеродроми.

Loading...

Како што се наведува, граѓаните ќе бидат навремено информирани за промените на летовите во зависност од развојот на ситуацијата поврзана со тајфунот.

Тајфунот со ветрови до 126 километри на час падна на копно во 18:30 часот по средноевропско време во округот Фенгсианг, објави Ксинхуа.

Прво го погоди градот Жушан, во провинцијата Жеџијанг.

Тајфунот носи обилни дождови и силни ветрови во источните крајбрежни провинции на Кина (Жеџијанг и Фуџијан) и во Шангај, економскиот центар на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Далај Лама: Се надевам дека ќе живеам 130 години

Властите во Жеџијанг наредија бродовите да се вратат во пристаништата и ги затворија училиштата и туристичките места.

Тајфунот би можел да ги погоди пристаништата Нингбо и Жушан, јужно од Шангај, кои се меѓу најголемите во светот.

Според државните медиуми, Муифа е 12-ти тајфун што ја погоди Кина оваа година.

Loading...