Драматичен момент е снимен во Бразил каде маж во езеро бил нападнат од алигатор, но тој за чудо преживеал. Имено, мажот отишол да плива во езерото Лаго до Амор во бразилскиот град Кампо Гранде игнорирајќи ги предупредувањата дека езерото е живеалиште за опасните предатори.
Кога испливал на околу 30 метри од брегот, алигаторот го видел човекот и почнал да го лови. Пливачот почнал брзо да плива кон брегот, но опасниот предатор бил побрз. Во еден момент го стигнал и го гризнал, но потоа застанал. Човекот продолжил да плива и успешно излегол на брегот додека животното го гледало од водата.Невнимателниот пливач поминал, за среќа, само со повреда на раката.
– Одеднаш алигаторот почна да го брка. Се обидел да плива најбрзо што можел, но алигатор го стигнал и го гризнал за рака. Човекот излегол од водата многу исплашен, велејќи дека не знаел дека има опасно животно во езерото – изјави Вилијан Каетано, кој го снимил настанот на 23 октомври околу 16.40 часот.
Друг сведок, Гарапеира Мариналва да Силва, која има сепаре покрај езерото, рече дека за прв пат по пет години видела дека некој влегол во езерото за да плива. „Понекогаш децата се приближуваат и сакаат да пливаат, но ние секогаш ги предупредуваме дека внатре има алигатори и дека водата е многу валкана за да не одат“, рече таа.
O CARA NADANDO NO LAGO DO AMOR E NÃO SABIA QUE TEM JACARÉ LÁ, tomou uma mordida só de leve pq o jacaré foi bonzinho pic.twitter.com/eUtWZy83wp
— perdidinha da silva (@ayora_003) October 23, 2021