Мештаните на градот Јелизово на рускиот полуостров Камчатка, останале во шок кога дошле да ги посетат гробовите на своите најмили.
Родителите кои дошле да го посетат гробот на својот син и да запалат свеќа затекнале хорор глетка и уништени дваесетина гробови. Тие биле раскопани, а на некои можеле да се видат ковчези, па дури и човечки остатоци и облека од покојниците, а околу биле расфрлани искршени крстови.
Граѓаните пријавиле дека виделе медведи во близина на гробиштата поради што не смееле да се доближат. Животните во потрага по храна ја урнале металната ограда на гробиштата и ги сквернавеле гробовите.
Директор поставил камери во школото, но не сонувал дека ќе сними нешто необјасниво (видео)