Осветен храмот ”Воскресение Христово” на градските гробишта (фото)

Сподели со своите пријатели

Митрополитот кумановско-осоговски г. Јосиф, денеска, во сослужение со свештениците од епархијата, ја освети црквата на градските гробишта во Куманово чија изградба започна на 25 април. Црквата ќе го носи името ”Воскресение Христово’.

Loading...

20150413_153957

Свештеникот Игор Здравковски за Кумановски Муабети вели дека храмот е изграден на темели на стара руинирана трпезарија каде што 40-тина години се извршувале парастоси, од средината на 30-те години во минатиот век.

20150413_154037

– Верниците отсега ќе имаат молитвен дом од каде што достоинствено ќе ги испраќаат блиските во вечниот живот, рече протоереј ставрофор Стојановски на денешното осветување.

Изградбата на храмот почна на 25 април минатата година. Досега, на градските гробишта во Куманово, немаше храм.

Leave a Reply