Осум лица загинаа во Либан во најновите израелски напади

Сподели со своите пријатели

Осум лица беа убиени утрово во израелски напади врз градот Тир, изјави либанската цивилна одбрана за катарската телевизиска станица Ал Џезира.

Нападите беа насочени кон дел од градот каде што има станбени згради за домаќинства со ниски приходи, додаде цивилната одбрана.

Израелските власти во понеделник изјавија дека нема да го таргетираат Иран, но дека го задржуваат правото да ги таргетираат јужен Либан и позициите на движењето Хезболах, поддржано од Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија издаде наредба за евакуација на либанскиот град Тир