Основачот на FTX се соочува со 115 години затвор

Сподели со своите пријатели

Сем Бенкмен-Фрид, основачот и поранешен извршен директор на FTX и Alameda Research, се соочува со 115 години затвор доколку биде осуден по сите осум точки од федералното обвинение.

Loading...

Обвиненијата против него, вклучително и измама, заговор и перење пари, предвидуваат максимална казна од 20 години затвор, се вели во соопштението за печатот на американското обвинителство за јужниот округ во Њујорк.

Основачот на платформата за тргување со крипто, исто така, може да се соочи со затворска казна до пет години за секое обвинение за заговор за извршување на стоковна измама и измама со хартии од вредност и заговор за измама на САД ржави и кршење на законите за финансирање на кампањата, доколку биде осуден.

Дури и ако биде осуден по сите точки од обвинението, Банкмен-Фрид најверојатно нема да ја добие максималната казна, а неговите казни за секое кривично дело би можеле да течат истовремено наместо последователни, како што е вообичаено и по дискреција на судијата, јавува Си-Ен-Ен.

Банкмен-Фрид беше уапсен на Бахамите на 12 декември по налог на американските обвинители, еден ден пред да сведочи пред Конгресот за ненадејниот колапс минатиот месец на една од најголемите берзи за криптовалути во светот.

Апсењето претставува неверојатен пад за 30-годишниот претприемач кој стана милијардер тргувајќи со биткоин и други дигитални средства.