Орбан пристигна во официјална посета на Босна и Херцеговина

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во официјална посета на Босна и Херцеговина, при што ќе се сретне со државни и ентитетски претставници, јавува Анадолија.

Loading...

На платото пред зградата на институциите на Босна и Херцеговина се одржа свечен прием.

Орбан беше пречекан од претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

По свечениот пречек, предвидена е средба на делегациите на Советот на министри на Босна и Херцеговина и на Владата на Унгарија, по што изјави за медиумите ќе дадат Кри[то и Орбан.

Предвидени се и средби со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина и со премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ.

Унгарскиот премиер ќе оствари средба и со членовите на колегиумот на Претставничкиот дом и Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ.

Освен Сараево, Орбан треба да ја посети и Бања Лука.