Орбан е домаќин на Алиса Вајдел 11 дена пред изборите во Германија. Jа пофали екстремната десница!

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Будимпешта разговараше со копретседавачот на десничарската Алтернатива за Германија (AfD) Алиса Вајдел и рече дека партијата е иднината на Германија.

Loading...

– Иднината во Германија ја пишува АфД. Чест е што претседателката на партијата Алис Вајдел ја посети Будимпешта“, напиша Орбан на Фејсбук.

Како што пренесува порталот Hungary Today, најважна тема на разговор била европската миграциска криза.

Орбан и кандидатот за германски канцелар се согласија дека запирањето на илегалната миграција, зајакнувањето на европската безбедност и можноста за промена на политичкиот правец на Европа се клучни задачи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Унгарија најде решение за плаќање на руските енергенси

Втората клучна тема на средбата беше прашањето за европската мировна и воена политика.

Орбан претходно изјави дека, иако не се согласува со АфД за сè, има прашања за кои тие споделуваат слични ставови.