Општина Куманово распиша конкурс за Ноемвриска награда (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово и годинава објави јавен повик за предлози за доделување на Ноемвриска награда како највисоко општинско признание.

Loading...

Претседателката на Комисијата за одбележување празници, манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Куманово, Невена Величковска, денеска на прес конференција ги појасни деталите за конкурсот.

Наградата се доделува како израз на највисоко општествено признание за посебни постигнувања во одредени области по овод Денот на ослободување на градот.

– Според одлуката Ноемвриската награда се доделува на поединци, претпријатија, организации, установи и заедници, чие дело, односно резултат во работење и делувањето претставуваат посебно остварување во обалстите на стопанството и вонстопанските дејности во текот на едногодишен или повеќегодишен период. Делот, односно постигнувањата да бидат достапни до јавноста до 11 октомври годинава, а авторот на делото да е жител на Општина Куманово. Организацијата или заедницата да е од Општина Куманово, односно делото и постигнувањата да се тематски поврзани со општина Куманово, рече Величковска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познато кој победи во Старо Нагоричане

Право на предлагање на кандидати за Ноемвриска награда имаат претпријатија, установи, здруженија, месни заедници, група граѓани и поединци.

– Ве молиме предлозите за Ноемвриската награда со образложение во писмена форма да ги доставите до комисијата за одбележување на празници и манифестации, доделување награди и признанија, најдоцна до 31 октомври оваа година, истакна Величковска.

 

Loading...