Општина Куманово меѓу најтранспарентните институции

Сподели со своите пријатели

Активната транспарентност на Општина Куманово во 2022 година изнесува 88,6 % (од можни 100%) со што општината се наоѓа во групата институции со „многу добра“ активна транспарентност.

Loading...

Ова го покажуваат податоците на Индексот на активна транспарентност кој го спроведува Центарот за граѓански комуникации.

Според статистиката Општина Куманово исполнила 80% отсто од своите обврски.

– Со овие бодови, општината се наоѓа на 23-та позиција од вкупно 98 рангирани институции. Оваа општина од Североисточниот Регион веќе втора година по ред се наоѓа во најдобрата група институции со многу добра активна транспарентност подобрувајќи се секоја година од 2018 година наваму. Општина Куманово за прв пат оваа година ја дели лидерската позиција во Североисточниот Регион заедно со Општина Крива Паланка, стои во анализата на Центарот за граѓански комуникации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Девојче од Куманово нападнато додека се враќало од училиште

 

 

Активната транспарентност на Општина Старо Нагоричане во 2022 година изнесува 50,7 % со што општината се наоѓа во групата институции со „многу слаба“ активна транспарентност.

Loading...

Со овие бодови, општината се наоѓа на 82-та позиција од вкупно 98 рангирани институции.

Оваа општина од Североисточниот Регион за прв пат бележи исполнување на активната транспарентност од над 50 %.

 

 

Активната транспарентност на Општина Липково во 2022 година изнесува 66,7 % со што општината се наоѓа во групата институции со „добра‘ активна транспарентност.

Со овие бодови, општината се наоѓа на 69-та позиција од вкупно 98 рангирани институции.

Оваа општина од Североисточниот Регион бележи голем напредок и за прв пат се наоѓа во групата на институции со добра активна транспарентност.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гласаат болните и немоќните лица во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

 

 

Под „активна транспарентност“ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.

Сепак, постои и законска основа за активната транспарентност на институциите, која се наоѓа, пред сè, во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во низа други закони, како што се Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за јавен долг, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и др.

Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од добрата практика, а институциите имаат обврски за проактивно објавување информации и од акциските планови во рамките на иницијативата за Отворено владино партнерство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 93.000 лица утре со право на глас во Куманово

Никола Ивановски