Општина Куманово ќе финансира здруженија за поддршка на лица со попреченост

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово преку јавен повик финансиски ќе поддржи здруженија и правни лица чии активности се во насока на пружање поддршка на лицата со попреченост.

Loading...

– Општините како едни од главните носители на социјалната заштита во државата, развиваат локални мерки и активности за социјалната заштита скроени по мерка на потребите на граѓаните. Општина Куманово водејќи се согласно потребите на лицата со попреченост како и согласно надлежностите од Законот за социјалната заштита реши да објави Јавен повик за финансиска поддршка за вршење на работи од социјалната заштита на здруженија и други правни лица кои спроведуваат активности насочени кон лица со попреченост на територија на општина Куманово, стои во соопштението на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk,  и ќе трае 5 (пет) работни дена од  30.03.2022 до 05.04.2022 година.

Барање за користење на правото на финансиска поддршка можат да поднесат сите заинтересирани здруженија и други правни лица коишто ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во Јавниот повик, директно во општинската архива или по пошта.

Барањето за користење на правото на финансиска поддршка може да се превземе од web страната на Општина Куманово или на пултот при влез во зградата на Општината.

По завршување на јавниот повик, Одлуката за распределба на средствата ќе биде објавена на официјалната web страна на Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Сите подносители на барања ќе бидат поединечно известени за избор/неизбор во рок од 7 дена од стапување на сила на Одлуката.

Никола Ивановски

Loading...