Општина Куманово и Црвен Крст поделија вода за освежување на граѓаните

Сподели со своите пријатели

Волонтери од општинската администрација и Црвен крст Куманово денеска на повеќе локации поделија флаширана вода на граѓаните како мерка за заштита од високите температури.

Loading...

 

 

Куманово и Македонија денеска се во портокалова фаза поради опастно од високите температури, а една од препораките за заштита е токму граѓаните да останат хидрирани.

 

 

 

Loading...

Од Министерството за труд и социјална политика потсетуваат на препораките за ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

Според препораките кои ги изгласа и Владата, во установите за згрижување на децата (градинки) не треба да се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

 

 

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

 

Loading...

 

Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот.

Никола Ивановски