Со отпочнување на проектот за асфалтирање и обновување на патната инфраструктура во градот, заменик раководителот на Сектор за урбанизам при Општина Куманово го најави редоследот на улиците кои ќе бидат реконструирани, со замолница до граѓаните, навреме да ги отстранат возилата кои се паркирани долж сообраќајниците.
Loading...
По асфалтирање на ул. Бајрам Шабани, од вчера започна и реконструкција на улицата “Октомвриска револуција”, поточно на делот кај Мај маркет, вели Јовановски.
Од почететок на наредната недела се очекува да се работи и на улицата ”11 Октомври”, на потег од Општина Куманово до Општа Болница.