ОПЕК вторпат по ред ја намали прогнозата за раст на побарувачката на нафта во 2024 година

Сподели со своите пријатели

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во својот последен септемвриски месечен извештај, објавен денеска, ја намали прогнозата за раст на побарувачката на нафта во 2024 година, вторпат по ред оваа година на приближно два милиони барели дневно (bpd) поради послаба побарувачка за енергија во Кина.

Loading...

Според извештаите, ОПЕК предвидува дека растот на побарувачката на нафта во Кина ќе достигне 650.000 барели дневно оваа година, што е помалку од проценката за раст на побарувачката во август од 700.000 барели дневно.

Според прогнозата на ОПЕК, главниот придонес за растот на побарувачката на нафта во 2024 година ќе има земјите кои не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Споменатиот раст на побарувачката е сè уште над историскиот просек на раст на побарувачката од 1,4 милиони барели дневно, забележан пред пандемијата на корона вирусот, соопшти нафтениот картел со седиште во Виена.

ОПЕК, исто така, малку ја ревидираше надолу прогнозата за раст на побарувачката на нафта во 2025 година од 1,78 милиони барели дневно на 1,74 милиони барели дневно.

Американската банка Морган Стенли вчера потврди дека очекува цената на нафтата брент да падне во четвртиот квартал од 2024 година на околу 75 долари за барел поради најавениот суфицит на пазарот.

Наскоро ќе се појави вишок на пазарот поради зголемената понуда на производители, како од картелот ОПЕК плус нафта, така и од други организации, тврдат од банката.