Оливера Трајковска – нов директор на Комисијата за односи со верските заедници

Сподели со своите пријатели

Оливера Трајковска од Куманово е новата директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни грипи.

Loading...

Трајковска е од Куманово и на оваа позиција доаѓа како кадар на ЗНАМ, откако предлогот за нејзино именување минал на владина седница.

Таа е дипломираниот теолог и постдипломец по психологија, а во нејзината биографија пишува дека дипломирала на ПБФ „Св. Климент Охридски“, Скопје.

Пред да дојде на функцијата била Надворешен соработник, координатор на духовна академија „Св.Кирил и Методиј, сесловенските просветители“; Фондација за култура и спорт, Општина Куманово, како и надворешен соработник, на фондација „Елеуса“, Струмица (Струмичка епархија), надворешен соработник на Здружението „Бадникови поворки“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

Во својата професионална кариера соработувала и голем број невладини организации.

Трајковска доаѓа на местото на Дарјан Сотоировски.

Никола Ивановски