Олаф Шолц: Тешко е да се преговара со оружје на слепоочницата

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц во Бундестагот го поддржа правото на Украина да го брани сопствениот суверенитет.

Loading...

Не може да има мировен договор без Украинците, рече Шолц во својот говор една година по говорот во кој го најави „Zeitenwende“, односно „пресвртница“ во германската надворешна и безбедносна политика.

„Мирот не се постигнува со извикување „Никогаш повеќе војна“ овде во Берлин, а во исто време барајќи да престане да се испраќа оружје во Украина“, изјави шефот на германската влада.

Тоа беше пораката упатена до демонстрантите кои бараа враќање на преговарачката маса минатиот викенд во Берлин.

„Пацифизмот не значи потчинување на поголемиот сосед. Ако Украина престане да се брани, тогаш немаше да има мир. Тоа би бил крајот на Украина“.

Пораката на Шолц до Русија и Кина

Олаф Шолц ги отфрли барањата за иницирање мировни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Со оружје на слепоочницата не се прегвара – освен за сопствено потчинување“.

Тој бара Русија „да го врати меѓународниот правен поредок“ и додава дека, според него, ништо не укажува на тоа дека Путин е подготвен за преговори.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Ќе се сретнам со Путин многу брзо

Канцеларката побара Кина да се вклучи во мир во Украина.

„Мојата порака до Пекинг е јасна: искористете го вашето влијание во Москва за да извршите притисок врз руските трупи да се повлечат. Не доставувајте оружје на рускиот агресор“, рече Шолц во Бундестагот.

Во исто време, тој додаде дека е разочаран од фактот што Кина не е подготвена да ја осуди руската агресија на самитот на министрите за финансии на Г-20.

Во својот говор, Шолц ја повтори подготвеноста на Германија да ја почитува целта на НАТО за инвестирање 2 отсто од БДП во одбраната.

За тоа ќе треба да се зголемат трошоците за одбрана во федералниот буџет, рече тој и нагласи дека тоа го ветил и дека „тоа ветување… важи“.

Гаранции за Украина

Канцеларот вети и помош за индустријата за оружје, за да може да го прошири „тековното производство на важни видови оружје, опрема и муниција“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германскиот министер за одбрана во ненајавена посета на Киев

Тоа, како што нагласи, подразбира „долгорочни договори и плаќање на аванс, за да може да се прошират производствените капацитети.“

Шолц нагласи дека е неопходно да се обезбеди побрз и поефикасен процес на набавка на оружје за Бундесверот и други европски армии.

Loading...

Германскиот канцелар во насока на Украина рече дека таа земја може да смета на безбедносните гаранции на сојузниците за времето по војната.

Германската влада ќе ѝ „помогне“ на Украина за да постигне мир, рече тој.

„Затоа ќе разговараме со Киев и другите партнери за идните безбедносни гаранции за Украина. А претпоставката за тие безбедносни гаранции е успешна одбрана на Украина во војна, нагласи тој.

„Повлечете ги војниците и војната веднаш ќе заврши“, му рекол Шолц на рускиот претседател Путин.

Порака од лидерот на опозицијата

И лидерот на демохристијанската опозиција, претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц, во својот говор пред парламентот се осврна на демонстрациите за мир што минатиот викенд се одржаа во Берлин.

„Кога важни претставници на екстремната левица и екстремната десница ги заменуваат жртвата и сторителот, тоа е цинично. Тоа е презир кон луѓето и гнасно и срамно за нашата земја“, рече Мерц.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Севернокорејците испратиле ретко возило во Курск. Збунетите Руси го разнесоа (ВИДЕО)

Тој нагласи дека има само еден човек кој е одговорен за војната, а тоа, како што рече, е Владимир Путин.

„Повикот за прекин на војната мора да оди само до Путин и неговиот режим“, рече шефот на ЦДУ.

Loading...

Војната во Украина, според него, е само одраз на желбата на неколку автократски држави за нова поделба на светот, односно одраз на намерата да се постигне таа цел со употреба на насилство, смета Мерц.

„Пресвртна“ година

Пред една година, на 27 февруари 2022 година, само три дена по почетокот на руската агресија во Украина, Шолц одржа говор во Бундестагот најавувајќи „пресвртница во германската надворешна и безбедносна политика“.

Тогаш тој вети, меѓу другото, создавање на посебен фонд од 100 милијарди евра за опремување на Бундесверот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.