Околу 90 отсто од Лавов без струја, метрото во Харков стопирано

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Лавов Андриј Садовиј денеска соопшти дека околу 90 отсто од градот е без струја, дека трамваите и тролејбусите не работат и дека се можни прекини во водоснабдувањето.

Loading...

„Деведесет проценти од градот е без струја. Чекаме дополнителни информации од дистрибуцијата на електрична енергија. Трамваите и тролејбусите не работат. Можно е да има прекини во водоснабдувањето. Преминуваме на работа на дизел генератори на објекти од критична инфраструктура “, напиша Садовај на својот канал Телеграм, пренесува РИА Новости.

Движењето на возовите на линиите на метрото во Харков е привремено прекинато, јавуваат украинските медиуми.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска го предупреди населението на главниот град на Украина за можни прекини на електричната енергија по најновите руски ракетни напади врз Киев и ги повика сите навремено да се снабдат со вода.

Во киевското метро било пријавено дека снема струја, а светлата се гаснат, јавуваат украинските медиуми.

Како што соопшти управата на градските возови во Киев и приградските возови, движењето на електричните возови е делумно нарушено во градот.

Нападите врз украинската инфраструктура од страна на руските вооружени сили почнаа на 10 октомври – два дена по нападот на мостот на Крим, кој Русија го смета за терористички, зад кој, според руските власти, стојат украински специјални служби.

Удари се вршат врз енергетски објекти, како и објекти на одбранбената индустрија, воената команда.

Loading...

Украинскиот премиер Денис Шмихал минатиот месец изјави дека речиси половина од енергетскиот систем на земјата не е во функција.

Претходно овој месец, претседателот Володимир Зеленски рече дека засега енергетскиот систем на Украина не може целосно да се обнови.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.