ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Жителите од “Гладно поле„ наместо во урбана средина, живеат на поле

Сподели со своите пријатели

На прес конференцијата која денеска се одржа во месноста викано „Гладно поле“ во населбата Перо Чичо, жителите и припадниците на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека и понатаму останува недостапен за нивните проблеми.

Loading...

Тие реагираат дека наместо во урбана приградска населба, живеат како во вистинско поле, затоа што поголемиот дел од улиците се раскопани и несреди, па по секој дожд тие не можат да излезат од своите домови поради калта.

Укажуваме до локалната власт дека вака не можеме да живееме, дека мора нешто да се преземе, да ни се изгради целосна комунална инфраструктура за што имаме платено уште кога почнавме да ги радиме нашите домови .До сега речиси ништо не е направено.

Ти го прашаа градоначалникот зошто сеуште не е направена нивната канализациона мрежа, иако тоа им било ветено во предизборната кампања на Дамјановски. Исто така обвинуваат дека нумерацијата и именувањето на нивните улици се уште не е завршена.

Денеска е недела, ден кога сакаме нашето време да го поминуваме со нашите најблиски,да прошетаме, да се рекреираме но по се изгледа нема да можеме уште долго време, бидејќи јасно е дека Зоран Дамјановски неманамера да биде градоначалник и да ги реализира ветувањата кои ни ги има дадено. – истакнуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Од партијата велат дека ова е последен апел до градоначалникот да се урбанизира овој дел од градот и како што велат да престане да биде една од многуте „слепи црева“ во Куманово.