Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за неполно 24 часа повторно излезе на прес конференција, но овој пат за да ја запознаат јавноста со, како што велат, уште еден голем проблем предизвикан од локалната власт.
Тие обвинија дека до нив пристигнале поплаки дека од среда навечер уличното осветлување во градот е целосно исклучено со што централното градско подрачје потонало во мрак.
Ова најново скандалозно затемнување претставува уште еден пример за несериозноста на локалната власт. Преку темнината што ја предизвикаа, јасно може да се види какви луѓе со децении управуваат со Куманово. Како граѓани на оваа општина не можеме да сфатиме што се случува со градоначалникот. Никако граѓаните и нивните потреби да станат негов приоритет. Деновиве сите прашуваат зошто нема улично осветлување додека пак Зоран Дамјановски и СДСМ се преокупирани со “Шарената револуција” која по се изгледа ќе заврши како шарена лага како и многуте ветувања што ги има СДСМ дадено за градот, а во Куманово многу посоодветно е да се нарекува „Затемнета револуција“ – рече Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.
Според Петковски во Куманово наместо „Шарена револуција“ се живее во сивило од кое локалната власт никаок да излезе.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ цело ова време на политичка криза е на страната на граѓаните. Сите проблеми во градот ги доживуваме како наши и тука немаме разлика со никого. Газиме во истата кал, поминуваме низ истите дупки, заеднички се соочуваме со сите проблеми. Во иднина ќе продолжиме на истиот начин, водејќи сметка за своето но и за достоинството на сите кумановци, без навреди и насилство, без омаложувања и омраза кон другите, само конструктивно и со искрена желба за подобра иднина, во која главен приоритет на локалната политика ќе бидат граѓаните.
ОК на ВМРО-ДПМНЕ упати повик до градоначалникот што побрзо да биде разрешен проблемот со осветлувањето.
фото: архива