Денес во 12 часот Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес, поврзан со безбедноста на улицата Драган Стопаревиќ. Нивните забелешки беа поврзани со недостаток на тротоар и лежечки полицајци на оваа улица.
Како што можете да видите простор за движење на пешаците нема,тротоарот е блокиран од многуте паркирани автомобили а на другата страна и воопшто нема тротоар ,така да пешаците се принудени да се движат на улицата на која се вози мошне брзо.Денеска сме тука ,да за ја алармираме јавноста и локалната власт,затоа што секојдневно на илјадници наши сограѓани им е загрозена безбедноста, изјави Валентина Јовановска член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Членовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ бараат одговори од градоначалникот, за решавање на овој проблем.
Loading...
[huge_it_gallery id=”296″]