Огромни бранови однесоа дел од пристаниште во Калифорнија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Високата плима, во комбинација со силни бранови, уништија дел од пристаниште во Северна Калифорнија, а официјалните лица предупредија дека повеќе домови по должината на брегот се изложени на ризик од поплави.

Видео прикажува огромен бран како урива дел од пристаниште во Пацифик Сити и го носи во океанот во среда, објави АП.

Властите го затворија пристаништето долго 350 метри во текот на летото, откако беа откриени пукнатини во структурата.

Домовите по должината на брегот во овој град, јужно од Сан Франциско, беа поплавени оваа недела кога екстремно високите плими, највисоките во годината, го погодија подрачјето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп и шефот на НАТО испратија порака до Москва: Русија треба да избегнува потези што би можеле да ја прошират војната

Северно од Сан Франциско, властите на округот Марин издадоа предупредување за можна евакуација за жителите на крајбрежните домови во Стинсон Бич, велејќи дека силните бранови што се очекуваат попладне би можеле да испратат вода и остатоци на патиштата и во домовите, а предупредувањето беше укинато подоцна во текот на денот во среда.

Предупредување за екстремно високи бранови е издадено и за областа на заливот Сан Франциско за среда.

Во областа на заливот Сан Франциско, некои домови и улици беа поплавени во крајбрежните градови Мил Вали, Ларкспур, Саусалито и Корте Мадера во округот Марин.

Екстремно високите плими, т.е. највисоките плими во текот на годината, се случуваат кога гравитационите ефекти на Месечината и Сонцето се усогласуваат и предизвикуваат зголемување на нивото на водата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лидерите на ЕУ ја потврдија својата целосна посветеност на членството на Западен Балкан во Унијата

Нивните ефекти оваа година беа дополнително засилени од сегашниот феномен супер Ел Нињо, кој го затопли океанот и доведе до зголемување на волуменот на морската вода, пренесува Танјуг.