Огромен број луѓе принудени да работат во азиски центри за интернет измами

Сподели со своите пријатели

Меѓународната организација за миграција (IOM) предупреди за драматично зголемување на бројот на луѓе кои се принудени да работат во азиски центри за интернет измами.

IOM вели дека луѓе од повеќе од 80 земји биле намамени преку социјалните мрежи, а некои биле изложени на сексуална злоупотреба.

Големи центри за измами, кои вработуваат до 300.000 луѓе во Мјанмар, Камбоџа и Лаос, се развиле за да вршат онлајн измами насочени претежно кон постари лица на Запад, соопшти Меѓународната организација за миграција, објави Ројтерс.

Сепак, значителен дел од овие работници биле измамени и намамени од лажни огласи за работа кои нуделе профитабилни договори на кандидати со добар англиски јазик и факултетска диплома.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Авион на Ербас беше во воздух повеќе од 24 часа без да слета (ВИДЕО)

Откако ќе бидат измамени, им се одземаат личните документи и се принудени да учествуваат во онлајн измами под закани и насилство, според IOM.

Многу од нив, откако биле сексуално злоупотребени или во самица, страдаат од психолошка траума, долгови и социјална стигма, изјави генералната директорка на IOM, Ејми Поуп.

„Луѓето заробени во центрите за измами се жртви на трговија со луѓе и се принудени да извршуваат кривични дела под закани, насилство и принуда“, рече Поуп, која претходно работеше како обвинител во случаи на трговија со луѓе.

Таа додаде дека мора да им се даде поддршка на преживеаните и дека трговците со луѓе мора да бидат запрени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мал авион се урна во близина на аеродром во Аризона. Едно лице загина (ВИДЕО)

ИОМ проценува дека бројот на луѓе кои станале жртви на трговија со луѓе на овој начин се мери во десетици илјади.

Поуп им рече на новинарите во Женева дека ИОМ досега им помогнала на жртвите од околу 30 земји кои биле регрутирани под лажни изговори.

„Главните криминални мрежи се наоѓаат во Азија, но благодарение на социјалните мрежи и можноста да се допрат луѓето во многу земји, нивниот досег значително се прошири“, рече таа, проценувајќи дека жртвите се од повеќе од 80 земји.

Таа предупреди дека дури и кога ќе успеат да избегаат или да бидат ослободени за време на полициските операции, жртвите понекогаш се изложени на ризик од кривично гонење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европа е загрозена од невидена суша: Нивото на реките драстично опаѓа, речниот сообраќај е веќе нарушен

Поуп ги пофали земјите како Тајланд што прават повеќе за откривање на вакви центри, но истакна дека треба да се направи повеќе за да се пронајдат објекти што работат во оддалечените делови на Азија, каде што спроведувањето на законот е слабо.

Во соопштението на ИОМ се наведува дека е потребно да се продолжи со обезбедување помош на жртвите на трговија со луѓе преку заштита, безбедно враќање и реинтеграција, како и да се зголемат напорите за подигање на свеста за методите што ги користат трговците со луѓе, за луѓето навреме да ги препознаат ризиците и да знаат каде можат да побараат помош.