Одложено враќање на руски и американски астронаути од Меѓународната вселенска станица

Сподели со своите пријатели

Двајца руски и еден американски астронаут кои не можеа да се вратат од Меѓународната вселенска станица (МВС) поради проблеми со притисокот во капсулата на вселенското летало, ќе можат да се вратат на Земјата во септември, наместо во март, како што беше планирано.

Loading...

Ова денеска го соопшти Руската вселенска агенција Роскосмос.

„Се очекуваше Сергеј Прокопјев, Дмитриј Петелхин и (астронаутот на НАСА) Франциско Рубио да слетаат во вселенското летало Сојуз МС-22 на 28 март 2023 година. Сега се планира слетување на Сојуз МС-23 во септември 2023 година“, соопшти Роскосмос.

И НАСА и Роскосмос веруваат дека проблемот со притисокот на Сојуз МС-22 бил предизвикан од микрометеороид кој со голема брзина удрил во капсулата.

Иако односите меѓу Москва и Вашингтон беа затегнати поради војната во Украина, Русија и САД продолжуваат да соработуваат во работата на Меѓународната вселенска станица.

Вселенските летала Сојуз се користат за транспорт на екипажот до станицата и назад.