Одлична прва четвртина, но на крајот пораз за КК Куманово од Еуро Никел (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Екипата на Еуро Никел 2005 успешно го заврши гостувањето во Куманово. Во обидот да бидат дел од првата „шесторка“, онаа која ќе продолжи во Суперлигата, беа подобри од Куманово 2009. Направија голем пресврт во второто полувреме, и негативата од осум поени (31:39) од првото полувреме, кавадарчани ја претворија во голема победа.

Loading...

 

 

Одлична прва четвртина одиграа домашните кошаркари. Ја реализираа во своја корист со (22:17). Но во ист ритам продолжија избраниците на тренерот Владимир Мирковски и во втората. Стигнаа до убедливо водство од 15. поени (34:19) во средишницата на вториот период.

 

 

Loading...

Но во оние преостанати минути, до крајот на полувремето, кавадарчани колку-толку се консолидираа, намалија на (31:39).

 

 

 

Новиот играч на Куманово, Андрија Марјановиќ реализираше 16. поени, а вториот новак кај „сино-белите“, Акано уште осум во тие први 20.минути.

 

 

Loading...

На другата страна, Николовски даде осум, но кавадарчани беа очајни во шутот од далечина Имаа само 1/12 од линијата за три поени во тој дел од играта.

 

 

Но во првите четири минути од третиот дел од играта, резултатот беше во егал. Со серија од (10-2) Еуро Никел 2005 стигна до нерешени (41:41). Таа одлична четвртина гостите ја завршија со одлични (22-9), за да поведат и со (53:48) по 30.минути.

 

 

Loading...

Во ист стил продолжија и во решавачката. Кога веќе го преземаа водството гостите од Кавадарци немаа намера да го испуштат. Стигнаа до уште една важна победа, и на три кола пред крајот на регуларниот дел, направија уште едне чекор кон задување на позицијата број 6, последната која води во доигрувањето за шампионската титула.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Текст: КФСМ / Фото: Никола Ивановски

Loading...