Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови од земјата.
Loading...
Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со силни електрични празнења и интензивен пороен дожд, а не се исклучува и можноста за изолирана појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 25 до 32 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Во петок ќе има преодна стабилизација на времето со умерен северен ветер, а за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд.