Од утре продолжува со работа затворениот Градски базен во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Затворениот Градски базен во Куманово од утре повторно ќе биде во функција, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

Градскиот базен беше затворен за капачи во средината на октомври на барање на надлежните поради енормно покачување на сметките за струја и гас.

 

 

Loading...

Покачените цени на енергенсите носеа огромни сметки и трошоци на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, кое за да не се создаваат долгови одлучи привремено да му стави клуч на врата.

 

 

Откако падна цената на енергенсите, а пред се на гасот, базенот од утре повторно ќе ги прими капачите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 93.000 лица утре со право на глас во Куманово

Никола Ивановски