Литванија ќе ги затвори повеќето продавници од среда со цел да се запре ширењето на епидемијата на новиот коронавирус.
– Бројките се застрашувачки и тажни, ризикот сега е насекаде, изјави премиерката Ингрида Симонита на вонредниот состанок на владата, два дена по заклетвата на нејзината коалициска влада на десниот центар.
Литванија успеа да го контролира првиот бран на епидемијата на вирусот минатата пролет подобро од многу земји на Европската унија (ЕУ), но земјата е погодена од вториот бран со голем број заразени лица.
Балтичката земја со 2,8 милиони жители вечра регистрираше 2.849 нови случаи на инфекција, додека 24 лица починаа. Од почетокот на епидемијата во Литванија починаа 815 лица. Делумен карантин со затворени барови и ресторани трае во таа земја веќе пет недели. Новите мерки нема да важат за продавниците за храна и аптеките.
Златко Шумковски