Со изгласаните измени на Законот за азил, од понеделник, откако измените ќе бидат објавени во Службен весник секој граѓанин кој на пат ќе затекне мигрант ќе може без проблем, да запре, да го качи и да го превезе без притоа да одговара кривично, како што беше досега предвидено во законот, јавува порталот Плус Инфо.
Со новите законски измени во Кривичниот законик мигрантите ќе може, штом се евидентираат од пограничните полициски служби, во рок од 72 часа со автобус, такси, автостоп, на велосипед или на друг начин безбедно да ги минат двестотините километри од „Богородица“ до „Табановце“.
– Овие законски измени стапуваат на сила веднаш штом се објават денеска, утре или в понеделник во Службен весник. Тие ќе придонесат за безбедноста на мигрантите, да си купат, на пример, билет за автобус и безбедно да стигнат до Скопје или Куманово – вели Иво Котевски од МВР за порталот Плус Инфо.