Од кумановската џамија, бранот мигранти се префрла во Табановце (видео)

Сподели со своите пријатели

Бранот бегалци од земјите на Блиски Исток, патувајќи низ Македонија, освен што во последната недела побараа засолниште во кумановската џамија, од вчеранавечер, симнувајќи се од возот кој доаѓа од Гевгелија, остануваат да преноќат во железничката станица во Табановце, на границата со Република Србија.

Loading...

Во текот на вчерашните часови, во зградата на железничката станица во Табановце се најдоа дури 400 бегалци, од кои некои останаа да спијат надвор, поради пренатрупаност со луѓе во внатрешноста на станицата.

Меѓу бегалците, се` почесто се наоѓаат жени и деца, кои барајќи спас од војната во Сирија и Авганистан, тргнуваат на долг пат во обид да добијат азил во земјите на ЕУ.

Со утрешното објавување на измените на Законот за азил и признавање на легален статус на бегалците во РМ во тек на 72 часа, кога бегалците треба да одлучат дали ќе заминат или ќе побараат азил во Македонија, одговорноста со бегалците и официјално ќе биде во рацете на Црвен Крст.

Засега, за бранот бегалци се грижат волонтери и активисти на повеќе граѓански и невладини организации, кои помагаат кризата со бегалците да биде ублажена во отсуство на помош од државата, која поради законските прописи, бегалците пред измените на Законот за азил ги третираше како илегалци. За да добијат легален престој во Македонија, бегалците ќе мора да се обратат до најблиската полициска станица каде треба да побараат документ издаден од МВР.

Loading...

11540882_961810200538080_2074555003813631437_n[1]

Со помош на граѓанската иницијатива, досега во кумановската џамија се пречекани и згрижени над 5000 мигранти, при што од приватни донации составена од храна, облека, медицински материјал, ќебиња и останати хигиенски средства е спречена поголема хуманитарна катастрофа.