Орин Џули, ветеранка на израелските одбранбени сили и самопрогласена „кралица на оружјето“, поради која на светот му застанува здивот, вели дека е љубоморна на американскиот закон за оружје, кој на цивилите им овозможува да држат оружје. Како што вели, адреналинот кој го чувствува додека држи пиштол, е непроценлив.
Орин го осудува израелскиот закон. Вели дека САД има најдобар закон за оружје во светот, па жали што не може во Израел легално да поседува оружје како цивил.
– Благословена сум со одредени вештини и сакам да бидам најдобра верзија на себе. Го сакам адреналинот кој го чувствувам кога држам пиштол се чувствувам моќно и дека имам контрола, вели Орин.
Џули започнала да служи во војска во 2012 година. Првин добила канцелариска работа и не била задоволна, па барала активна воена служба. Тоа и било овозможено во 2013 година.
Започнала да ги објавува своите фотографии и наскоро ја контактирала воената индустрија за да работи како манекена за нив, пишува РТ.
– Започнав да објавувам нешто што на социјалните мрежи не е вообичаено. Без костими за капење, без бикини, само јас, мојата женственост и моето оружје. Женит еможат се што сакат. Во војска и било каде, тврди таа.
Исто така, ги критикува луѓето кои не се сложуваат со Трамп.
– Тој сигурно не е против Израел. Неговиот зет е Евреин. Трамп ја пресели амбасадата во Ерусалим. Барак Обама не го сакаше Израел, но Трамп не поддржува, вели Орин.
Фото: Инстаграм