ОД ЕУФОРИЈА ДО ДЕПРЕСИЈА: Што претставува биполарно пореметување?

Сподели со своите пријатели

Биполнарното пореметување или маничната депресија, како што се нарекува, предизвикува екстремни промени во расположението. Луѓето што страдаат од ова, може да се еуфорични неколку седмици, потоа да паднат во длабока депресија.

Што е депресивната фаза?

Без лекување, луѓето со биполарно пореметување можат да имаат интензивни епизоди на депресија. Симптомите се тага, анксиозност, безнадежност, проблеми со концентрацијата. Депресивните луѓе може да изгубат секаков интерес за активностите што претходно ги окупирале, а може да помислат и на самоубиство.

Како се препознава маничноста?

Во оваа фаза луѓето се чувствуваат супер и мислат дека можат сè. Тешко им е да седат во едно место, зборуваат многу, нивните мисли се на сите страни, не спијат доволно. Тоа резултира со неодговорно однесување, брзо возење и слично.

Што се мешани епизоди на биполарно однесување?

Кога луѓето со биполарно пореметување чувствуваат депресија и манија во исто време, тоа се вика манична или депресивна епизода со мешано значење. Тоа може да доведе до непредвидливо однесување, вознемиреност и самоубиство. Ваквите епизоди се почести кај жените и се појавуваат уште во младоста.

Како се појавува?

Лекарите не знаат што точно го предизвикува биполарното пореметување. Но, тоа може да е резултат на генетски и други биолошки чинители. На биполарното пореметување не е имун никој. Ако не се контролира, може да предизвика проблеми во разни полиња од животот – односи со партнерот, на работа, спиење, здравје, пари… Може да доведе до ризично однесување, ама и да предизвика стрес кај луѓето во околината. Многу луѓе со биполарно пореметување имаат проблеми со дрогата и со алкохолот, затоа што на тој начин се обидуваат да ги ублажат симптомите на болеста.

Како се лекува?

Постојат неколку видови лекови за лицата со биполарно пореметување. Тие вклучуваат антидепресиви и стабилизатори на расположението за да се спречат епизодите на „кревање“ и „спуштање“ на расположението. Лековите се земаат за да се избегнат следните епизоди на депресија или маничност. Конструктивни се и разговорите со психијатри, како и конгнитивната бихевиорална терапија.

Многу луѓе со биполарно пореметување не сфаќаат дека имаат проблем или ја избегнуваат помошта. Па ако мислите дека некој во ваша близина има ваков проблем, поттикнете ги на разговор со лекар или експерт за ментално здравје.