Од дождот ќе одмориме само денес – од утре нови врнежи

Сподели со своите пријатели

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден не очекува променливо облачно време со сончеви периоди.

Loading...

Во источните и јужните делови ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура во државата ќе биде во интервал од 11 до 19, а дневната од 20 до 25 степени целзиусови.

Што се однесува до околината на Куманово, во текот на денешниот ден не очекува облачно време со кратки сончеви периоди, и ветер од северозападен правец кој ни носи утрински температури до 12 степени, а максималната дневна ќе го достигне дваесетиот степен.

Од управата велат дека во наредните три дена ќе се задржи слично време, иако според порталот accuweather, во недела подрачјето на Македонија ќе биде зафатено повторно од влажна воздушна маса која ќе ни донесе нови врнежи од дожд, но и за некој степен пониска температура.

Така од понеделник веќе ќе имаме и едноцифрени утрински температури, а намалување ќе има и во однос на максималните дневни.

Доколку се земат в предвид информациите на сајтот, дождот веќе во вечерните часови ќе ја зафати територијата на Република Македонија, а ќе се задржи до среда.