Од денеска постепен пораст на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура се очекува да достигне 15 степени целзиусови.

Во текот на ноќта е можна појава и на врнежи проследени со услови за грмотевици.

 

Loading...

 

Како што додаваат од Управата за хидрометеоролошки работи во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд.

Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за грмежи.

Во петок на повеќе места ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец.

 

 

Loading...

Од денеска дневните температури ќе бидат во пораст, позначителен за време на викендот кога во повеќето места температурите ќе бидат над 20 степени.

Никола Ивановски