Со стабилизацијата на времето и покачувањето на дневните температури, како и сончевото време, од денес повторно се враќа маглата низ котлините која ќе биде присутна наутро и дел од попладневните часови, пренесува порталот МетеоПро.
Маглата ќе се расчисти околу пладне, но заматеноста на атмосферата ќе остане. Сончевото време ќе биде карактеристично за поголемиот дел од државата, со ниски температури во утринските часови, но далеку над оние што ги имавме во изминатиот период.
Минималната температура ќе се движи од -4 до 2 степени целзиусови, додека максималната може да достигне вредност од 8 до 14 степени.
Во Куманово и околината времето денеска ќе биде релативно сончево со мала до умерена облачност и многу слаб ветер од источен правец. Температурата значително повисока од изминатите неколку дена, односно максималната дневна може да достигне 10 степени, додека во текот на ноќта ќе имаме температура од 0 степени целзиусови.
Слично стабилно време ќе се задржи и во наредните неколку дена.