Од денес се издава едномесечен зелен картон за автомобили

Сподели со своите пријатели

Од денес стапува на сила одлуката на Владата за воведување едномесечен зелен картон.

Loading...

Осигурителните компании од денеска почнаа да издаваат едномесечни зелени картони. Цената на едномесечен зелен картон изнесува 30 евра за возила до 66 киловати, односно 50 евра за возила над 66 киловати.

Од осигурителните компании оценуваат дека оваа промена ќе биде добра можност за граѓаните, а ќе влијае и врз раст на бизнисот.