Од денес до вторник – цела Македонија ќе гори на 40 степени

Сподели со своите пријатели

Македонија од денеска до вторник ќе биде зафатена со температури до 40 степени целзиусови, кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.

Loading...

– Граѓаните потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се – заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица, информира Министерството за здравство.

Температурата ќе достигне вредности околу 38°С во повардарскиот и југоисточниот крај, околу 35°С во пелагонија и околу 32°С во охридско-преспанскиот крај.

Денот ќе биде сончев, додека во вечерните часови во околуната на Шар Планина е можна краткотрајна појава на врнежи.

УВ индекс: 9.