18.05.2015 13:34

Од 1 јули – паѓаат цените на роаминг, мобилен интернет и смс во странство


Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина успеаја да воспостават свој регулаторен пазар и од 30-ти следниот месец, овие држави ќе можат меѓусебно да комуницираат по драстично намалени цени во роаминг, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Според потпишаната Спогодба помеѓу четирите држави, македонските државјани од 30 јуни при патување во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора за минута разговор во роаминг  ќе плаќаат 17,9 денари. Поевтинувањето на разговорите е за 73 отсто, додека цената на мобилниот интерент во роаминг ќе се намали за речиси 90 отсто, а еден мегабајт ќе чини 43 денари. Се намалува и цената на СМС пораките кон овие земји од 12,3 денари на 5, 6 денари за порака.

loading...

За регулацијата на електронските комуникации, регулаторните мерки и помош за поттик на развојот на нови технологии, како и новите услуги за сите корисници на оваа индустрија се дебатира на тридневната Меѓународна регулаторна конференција што се одржува од денеска во организација на македонската Агенција за електронски комуникации (АЕК).

Македонија и соседните држави, изјави Ивановски, успеаја многу побргу од Европската унија да се усогласат за роаминг тарифата.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments