Процесот на гласање за номинациите за Оскар и објавувањето на номинациите е одложен за два дена поради шумските пожари кои зафатија делови од Лос Анџелес.
Одлуката ја соопшти Академијата за филмски уметности и науки, која ги доделува престижните Оскари, а како што е наведено, тие потоа со писмо ги известиле своите членови.
Според извршниот директор на Академијата, Бил Крамер, гласањето за номинации за 97-то доделување на Оскарите е продолжено до 14-ти јануари.
🚨🇺🇸New York Post Cover:
HELL.A.
Fire and fury as bad management leaves burning city without water. https://t.co/PaQldsXCsE pic.twitter.com/a6xlud71SF
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 9, 2025
Исто така, церемонијата за објавување на номинациите е одложена за 19 јануари.
„Би сакале да изразиме длабоко сочувство до сите погодени од разорните пожари низ Јужна Калифорнија. Многу од нашите членови и колеги од индустријата живеат и работат во областа Лос Анџелес и нашите мисли се со нив“, се вели во писмото.
Претставниците на Академијата откажаа и неколку други настани кои беа планирани за наредните денови.
Церемонијата на доделување на Оскарите е закажана за 2 март во театарот Долби во Холивуд.