Автобус со пакистански аџии се преврте во централен Иран, при што загинаа 28 патници, а 23 беа повредени, објавија државните медиуми во средата.
Несреќата се случила во вторникот вечерта во иранската провинција Јазд.
Причина за несреќата е технички дефект во системот за сопирање, покажа првичната истрага на иранската сообраќајна полиција.
„За жал, во оваа несреќа животот го загубија 11 жени и 17 мажи. Седум лица се во критична состојба, а шест лица кои беа полесно повредени сега ја напуштија болницата“, изјави шефот на управата за кризни ситуации во провинцијата Јазд.
Пакистанската конзуларна служба во Иран е повикана во провинцијата Јазд за да ја следи ситуацијата, додаде официјалниот претставник.
Милиони шиитски муслимани моментално учествуваат на аџилакот во ирачкиот свет град Карбала.
🚨🇮🇷 Un accident de bus en Iran tue 28 pèlerins pakistanais
Un bus transportant 51 pèlerins chiites du Pakistan vers l’Irak s’est écrasé dans le centre de l’Iran, tuant 28 personnes et en blessant 23.
Source : AP
Source média : @websterkaroon— Fred Martins (@FredMartins5000) August 21, 2024