Општина Куманово објави јавен повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија во градот.
Општина Куманово, како што информираше раководителот на секторот за социјална заштита, Александар Крстевски, се стреми кон намалување на социјалните ризици, превенција како и добросостојба на сите граѓани.
– Има за цел за обезбедување на социјална сигурност ,подобрување на квалитетот на живеење и зајакнување на капацитетите на општината и со таа цел имаме финансиската поддршка на здруженија се однесува на вршење работи од социјална заштита, односно на здруженија кои се во фаза на развој, односно подготовка и воспоставување на нови социјални услуги на територија на општина Куманово пропишани во Законот за социјална заштита или иновативни социјални услуги и тоа: услуги на информирање и упатување, услуги за стручна помош и поддршка, услуги на советување, услуги во домот, услуги во заедницата и услуги за вонсемејна заштита, информираше Крстевски.
Предност при остварување на правото на финансиска поддршка, како што потенцираше раководителот, ќе имаат здруженија коишто се во фаза на развој, односно подготовка или воспоставување на социјални услуги коишто се дел од Социјалниот план на општина Куманово 2023-2026 година.
– Финансиска поддршка се однесува и на здруженија кои се во фаза на подготовка на документација за лиценцирање или веќе имаат поднесено документација за добивање на лиценца за социјалната услуга во МТСП. а до денот на објавување на јавниот повик немаат добиено лиценца за работа на територија на општина Куманово. Предност ќе имаат апликации кои се однесуваат на развој на услуги на вонсемејна заштита, изјави тој.
Како подносители на барањата може да се јават здруженија кои ги исполнуваат следниве критериуми критериумите пропишани во јавниот повик, а меѓу нив здруженијата да имаат седиште во Куманово, да имаат програма за работа во тековната 2025година која ќе опфаќа активности насочени кон ранливите категории на граѓани од областа на социјална заштита.
Исто така треба да имаат минимум тригодишно активно постоење и успешно реализирани активности од областа на социјалната заштита на територија на општина Куманово. Треба да имаат и едно работно ангажирано лице.
– Апликациите со непотполна документација и поднесени надвор од предвидениот рок нема да бидат предмет на разгледување. Едно здружение на јавниот повик може да поднесе само едно барање за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита. Сите заинтересирани здруженијa, формулар за апликација за остварување на правото на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на општина Куманово за 2025 година, рече Крстевски.
Формуларот и потребните документи може да се преземат од општинската веб страница или на портирница во зградата на поранешен Козјак кај Градскиот стадион.
Рокот за поднесување на барања за учество на јавниот повик ќе трае 14 дена односно од 10.02.2025 до 23.02.2025 година.
Никола Ивановски